Широко портфолио на производи иуслуги за сите резиденцијални ибизнис корисници.

Уверете се зошто сме помеѓу најдобрите.
Врвна услуга
Брза испорака
Безбедно плаќање
Врвен квалитет
Онлајн поддршка
Загарантиран поврат
За Антариас
Антариас е фирма основана во 1997 година од основачот и сопственик м-р Габриела Кулебанова, која успешно постои и работи во областа на телекомуникациите. Уште од самите почетоци обезбедува услуги од областа на мобилната телефонија, мобилни апарати, таблети, дополнителна опрема и аксесоари и друга трговија.
Антариас како докажана компанија со долгогодишно искуство нуди широко портфолио на производи и услуги за сите резиденцијални и бизнис корисници. Со својот позитивен имиџ и континуиран раст и развој Антариас од 2007 година станува партнер на А1 Македонија и покрај продажбата ги обезбедува сите услуги на операторот на највисоко ниво.
Антариас со своето долгогодишно функционирање на пазарот во полето на телекомуникациите и услугите станува успешен соработник и овластен дилер за реномирани европски брендови од оваа област. На територијата на Република Северна Македонија ние сме присутни со 15 сопствени продажни салони и неколку салони на партнерски фирми кои успешно долги години соработуваат со нашата фирма и работат под брендот Антариас.
Нашата референтна листа сведочи за големиот број соработници:
Македонски Телеком АД, Нептун Македонија ДОО, Симпо, ТопТрејд, Дрисла, Каза Италија Новартис Фарма Сервисес, Греемак Гроуп, Уника Осигурување, Комунална Хигиена и др.
Водени од целта, на нашите корисници да им обезбедиме врвни производи и услуги, нашите намери и желби се да продолжиме да ја градиме и прошируваме соработката со нашите корисници но и да ја зачуваме нивната досегашна доверба и лојалност.
Посетете не и ќе се уверите зошто нашето лого е "ПРВ МЕЃУ ПРВИТЕ "...