Рок на испорака

Откако ќе ја потврдите вашата нарачка на производи, нарачката ќе започне да се подготвува истиот или следниот ден. Работното време на нашиот продавач е од 8 до 16 часот во текот на неделата. Од моментот на вашата потврда на нарачката, рокот на испорака е од 1 до 3 работни дена, несметајќи ги викендите и празниците. Сите нарачки што ќе бидат направени во петок после 16:00 часот или за време на викенд, ќе бидат подготвени во почетокот на наредната недела.

Превземање на пратките

Курирот ја доставува пратката до одредената адреса на купувачот во рок од 24 до 48 часа. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата што ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш телефонски ќе Ве исконтактира на бројот кој сте го оставиле при креирањето на нарачката. На тој начин ќе можете да се договорите за нов термин на испорака во текот на следниот период. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде, тогаш пратката ќе биде вратена кај нас. Откако истата ќе ја добиеме ќе Ве исконтактираме за причината за неподигнување на нарачката, со можност повторно да се договориме за ново испраќање.

Цена на Испорака

Цената на достава за сите нарачки чија вредност е поголема од 700 ден. е бесплатна!

Цената на достава за сите нарачки чија вредност e помала од 700 денари изнесува 150 денари и истата се плаќа во готово при превземање на пратката.