Генијален екран, непречено лизгање

Твоите очи ќе уживаат со живописните детали со FHD+ Super AMOLED дисплејот, којшто достигнува 800 нити¹ за јасност дури и на силна дневна светлина. Eye Comfort Shield² ја намалува сината светлина, а карактеристиката за навистина фино лизгање Real Smooth прави глетката да биде фина, без разлика дали играш или лизгаш. Сè за пространиот 6,4-инчен Infinity-O дисплеј.

Генијален екран, непречено лизгање

*Фотографиите се симулирани за илустрација.**Мерено дијагонално, големината на екранот е 6,4 инчи како цел правоаголник и 6,2 инчи со заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и отворот за камера.1. Ако адаптивното осветлување е вклучено во поставките. Кога дисплејот е изложен на над 20,000 лукси кои ги препознава сензорот за светлина на телефонот, како на пример во опкружување со силно амбиентално осветлување или директна сончева светлина, тогаш осветлувањето може да се зголеми до 800 нити. Вредностите за осветлувањето кои ги мери сензорот може да се разликуваат во зависност од аголот на светлината.2. Дисплејот на Galaxy A32 (SM-A325) доби сертификат за грижа за видот од страна на SGS врз основа на неговата способност да ги намали штетните влијанија на сината светлина. Сертификатот може да се најде на https://www.sgs.com.

Минималистички дизајн за впечатлив стил

Почувствувај го елегантниот дизајн со благо заоблени рабови на неверојатниот Galaxy A32. Со препознатливиот дизајн на камера и сјајниот финиш на задниот дел, овој телефон не само што се истакнува — туку и поставува нов стандард. Избери од четири впечатливи бои: Црна, бела, синаи виолетова.

Минималистички дизајн за впечатлив стил

*Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.